Tuesday, November 30, 2021
HomeМакедонијаТрет ден на жалост поради трагичната автобуска несреќа

Трет ден на жалост поради трагичната автобуска несреќа

Во Македонија денеска е трет ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада завчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство. Во тридневната жалост сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата, изјави дека самата постапка на идентификација на загинатите се очекува да трае најмалку седум дена.

„Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага, изјави Османи, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај на помагаат во истражната постапка.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img