Tuesday, November 30, 2021
HomeТехнологијаИндија со закон ќе ги забрани криптовалутите

Индија со закон ќе ги забрани криптовалутите

Индиската Влада ќе воведе предлог-закон за забрана на приватни криптовалути и ќе создаде рамка за дигитални пари, поддржани од централната банка, соопшти вечерва Парламентот.

Предлог-законот „има за цел да ги забрани сите приватни криптовалути во Индија, соопшти Долниот дом на Парламентот, откако премиерот Нарендра Моди минатата недела предупреди дека биткоинот претставува ризик за помладите генерации и може „да ја расипе нашата младина ако падне во погрешни раце“.

Тоа е последниот таков потег на големата економија во развој, откако Кина во септември ги прогласи сите трансакции со криптовалути незаконски.

Пазарот на криптовалути во Индија е во подем откако Врховниот суд на земјата ја укина претходната забрана во април минатата година, која се зголеми за повеќе од 600 отсто минатата година, според студијата на Chainalysis.

Се проценува дека меѓу 15 и 100 милиони луѓе во третата по големина азиска економија поседуваат криптовалути, со вкупен износ од милијарди долари.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img