Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортНема да им биде лесно на играчите на Јунајтед: Ралф Рангник има...

Нема да им биде лесно на играчите на Јунајтед: Ралф Рангник има необични методи на казнување

Германскиот стручњак Ралф Рангник (63) ќе стане нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Рангник ги договори условите со раководството на „црвените ѓаволи“ и ќе го води англискиот гигант во следните шест месеци, а потоа ќе ја преземе улогата на спортски директор.

Германскиот тренер во текот на кариерата направи чудо со Хофенхајм кој го водеше од регионалната лига во Бундеслигата, а имаше и успешни епизоди во Шалке со кој ги освои Купот и Суперкупот.

Добро се снајде и во РБ Лајпциг, а во овој клуб имаше интересни методи за казнување на играчите. Тој на „тркалото на среќата“ ги напиша пеналите кои фудбалерите можат да ги добијат и играчот буквално ќе се казни себеси со вртење на тркалото.

Казните што можеа да ги добијат беа работа во клубска продавница, работа во кафетерија, водење туристи низ стадионот, но и тренинг во здолниште и многу други казни.

Ќе видиме дали ќе го задржат истиот систем на пенали во Манчестер Јунајтед, но овие методи се секако многу интересни.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img