Wednesday, December 1, 2021
HomeБалканРусија и Србија договорија понатамошни испораки на гас за Белград по цена...

Русија и Србија договорија понатамошни испораки на гас за Белград по цена од 270 долари

Вучиќ: „Путин разбира колку е важна темата на испорака на гас за нас, неговата количина и флексибилноста. Претседателот Путин покажа исклучителна благонаклоност спрема Србија: успеавме за следните шест месеци да добиеме цена на гасот од неверојатни 270 долари“.

Русија и Србија се договорија за цена на гасот за следните шест месеци од 270 долари за илјада кубни метри, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Србија во следните шест месеци ќе добива гас по цена од 270 долари за илјада кубни метри“, изјави Вучиќ, пренесуваат руските медиуми. 

Претседателот на Србија истакна дека „Путин разбира колку е важна темата на испорака на гас за нас, неговата количина и флексибилноста. Претседателот Путин покажа исклучителна благонаклоност спрема Србија: успеавме за следните шест месеци да добиеме цена на гасот од неверојатни 270 долари, така што цената за нас не се менува, останува како што беше. Се договоривме за зголемување на количината на гас за тие шест месеци, како и за флексибилноста на испораките, за што посебно го молев претседателот Путин“.

Во моментов Србија добива гас по цена од 270 долари за илјада кубни метри, а овој договор истекува на крајот на годината.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со српскиот лидер Александар Вучиќ изјави дека двете земји ќе се договорат за нов договор за испорака на природен гас од Русија и ќе најдат прифатливо решение.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img