Tuesday, January 25, 2022
HomeСветМагдалена Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведска

Магдалена Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведска

Лидерката на социјалдемократите минатата недела беше на премиерската функција само неколку часа, по што си поднесе оставка бидејќи Зелените ја напуштија владината коалиција

За помалку од седум дена, пратениците во шведскиот парламент по втор пат ја изгласаа лидерката на Социјалдемократската партија Магдалена Андерсон за премиерка.

Андерсон, која беше министерка за финансии, беше избрана за премиерка минатата среда (24 ноември), со што стана првата жена на таа функција.

Меѓутоа, само неколку часа по изборот таа си поднесе оставка откако Зелените, кои ѝ беа коалициски партнер, ја напуштија Владата бидејќи парламентот не го усвои буџетот предложен од Андерсон туку тој што го предложија опозициските партии.

Социјалдемократите во шведскиот парламент имаат 100 пратеници од вкупно 349.

Андерсон сега ќе треба да ја предводи малцинската влада до изборите кои треба да се одржат во септември следната година.

Според шведскиот Устав, премиерите можат да управуваат сè додека парламентарното мнозинство (минимум 175 пратеници) не е против нив.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img