Wednesday, January 20, 2021
Home Македонија Зетот на Виолета Томовска почина од последици на Ковид-19

Зетот на Виолета Томовска почина од последици на Ковид-19

Зоран Росоманов, зет за ќерка на фолк дивата Виолета Томовска ја изгуби битката со корона вирусот. Негови пријатели ја споделија веста за прераното заминување и со емотивни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.

Тој беше сопруг на Невенка, ќерката на Томовска, позната во јавноста како девојчето за кое е напишан евергринот „Македонско девојче”. Таа била инспирација за Јонче Христовски да ја напише песната во времето кога го славела првиот роденден, во 1967 година.

Тој заедно со уште многу други наши музичари биле присутни на веселбата по повод првиот роденден на Невенка. Расположени решиле да напишат песна за убавината на македонската жена и потоа да и ја поклонат на својата колешка Виолета.

По два месеци таа и Кирил Манчевски ја извеле премиерно песната, која потоа стана евергрин кој до денес се пее.

Пред четири години, за 50-от роденден на Невенка, Зоран организирал да се направи римејк на песната, која ја исполнија Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.

Новата изведба на песната беше во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција на Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски и музички продуцент Будимка Имери.

Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески ја отпеаја заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, допринесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и Дино Имери на клавир.

Кон крајот на месец март Томовска го прослави својот 75-ти роденден, а за медиумите порача дека ги почитува мерките за заштита од вирусот, и како го одбележала денот само со ќерката Невена.

– Тажно е ова што не снајде, вака неподготвени, јас верувам дека човекот ќе ја победи црната чума. Ќе имаме време и за дружење и за пеење, да се придржуваме до пропишаните мерки – порача тогаш музичката дива

Популарно