Thursday, January 27, 2022
HomeСпортЧави по поразот го критикува Депај: Мора да ги сфати нашите идеи

Чави по поразот го критикува Депај: Мора да ги сфати нашите идеи

Фудбалерите на Барселона забележаа неочекуван пораз на домашен терен од Бетис со 0:1 во мечот од 16. коло во Ла Лига.

Каталонскиот клуб и покрај тоа што одигра одличен натпревар, на крајот ги разочара своите навивачи, а Чави Ернандез го претрпе првиот пораз на клупата на Барса.

Барселона одигра две различни полувремиња, а во моменти кога доминираше и кога се чинеше дека Барса ќе поведе, Бетис одигра одлично во транзиција и благодарение на Хуанми дојде до погодокот вреден победа во 79. минута од мечот.

Чави не го криеше разочарувањето по мечот.

„Ова е многу несреќен пораз, не заслуживме да загубиме денес. Против Виљареал имавме среќа и славевме, денес немавме среќа. Не смееме да примаме вакви голови, ова е недопустливо. Не смееме да примаме голови од транзиција. Напорно работевме на тренинзите токму на ваквите моменти, на играчите им пуштавме видео исечоци и детално им беше објаснувано како и што треба да направат и денес примивме гол од транзиција. Многу работи треба да поправиме, сами сме виновни за овој пораз, не ја искористивме добрата игра од второто полувреме“, изјави Чави и потоа се осврна на Мемфис Депај, најдобриот стрелец на Барса во Ла Лига со осум погодоци, кој во последно време има пад на формата.

„Мемфис мора да се вклопи во стилот на игра и мора да ги сфати нашите идеи. Мора да биде многу повеќе одважен, мора да шутира повеќе, повеќе да дрибла, да биде бестрашен, повеќе да игра еден на еден. Ова беше еден од оние натпревари каде се покажуваше на тоа дека ќе победиме, а на крајот загубивме.

Чави порача дека се надева дека овој пораз нема да влијае на атмосферата во екипата пред одлучувачкиот меч од групната фаза против Баерн.

„Се надевам дека овој пораз нема да се одрази на она што го подготвувавме за мечот со Баерн. Ќе мораме да се бориме како животни ако сакаме да минеме во нокаут фазата“, заклучи Чави.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img