Thursday, January 20, 2022
HomeБалканСловенечкиот Уставен суд ја прогласи за неуставна одлуката за задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд ја прогласи за неуставна одлуката за задолжителна вакцинација

Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна одлуката на словенечката влада дека во службените простории на државната администрација можат да работат само вакцинирани лица и оние кои се заразиле со ковид-19 и на тој начин стекнале имунитет. Владата на Јанез Јанша кон средината на септември годинава донесе одлука државните службеници да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани или прележале ковид-19, но таа не стапи на сила, бидејќи синдикатите на вработените побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста.

Во пресудата, уставните судии навеле дека таканаречениот „ПЦ услов“ за доаѓање на работа, што „значи само вакцинирани и болни“, всушност е еднаков на воведување задолжителна вакцинација за вработените и дека такво нешто не може да биде пропишано со подзаконски акти или владини одлуки.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img