Thursday, January 27, 2022
HomeПопуларноШто ќе му понуди Путин на Бајден?

Што ќе му понуди Путин на Бајден?

Видео состанокот помеѓу двајцата претседатели би требало да започне околу 17.00 часот по средноевропско време.

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе одржат вирутуелен самит на кој ќе се зборува за бројни актуелни прашања.

Како што соопшти портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, Путин на состанокот планира да предложи взаемни безбедносни гаранции.

Песков исто така информираше дека главна тема на разговор ќе биде безбедноста на Русија и НАТО, пренесуваат руските медиуми.

Путин неодамна и јавно повика НАТО да престане да се шири кон исток, барајќи од западниот сојузник пишана гаранција за тоа. Русија за возврат е подготвена на сојузот да му понуди сопствени гаранции за взаемен мир, порача тогаш шефот на руската држава.

„Гаранциите за безбедност и мир, секако, не можат да бидат еднострани“, изјави Песков, а пренесува агенцијата „Интерфакс“.

Според најавите од Кремљ, видео состанокот помеѓу двајцата претседатели би требало да започне околу 17.00 часот по средноевропско време и се очекува да трае до вечерните часови.

Во средиштето на разговорот ќе биде и порастот на тензиите околу Украина. САД претходно ја обвини Русија дека подготвува воена инвазија над Украина, но од Москва ги отфрлија овие шпекулации како неосновани.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img