Wednesday, January 20, 2021
Home Популарно Меркел: Македонија се уште има шанси

Меркел: Македонија се уште има шанси

Како што објави Дојче веле на македонски јазик, Меркел рече на видео-конференција со парламентарците на европскиот континент, но истакна дека германското претседателство сè уште се соочува со тешкотии при одржувањето на таа седница и дека сè уште има потреба од преговори меѓу Софија и Скопје.

„Ние се соочуваме со тешкотии во олеснувањето на првата меѓувладина седница со Македонија. Албанија постигна голем напредок, но особено за тоа дали ќе успееме на време и со Македонија, бидејќи сè уште има потреба од преговори меѓу Бугарија и Македонија”, рече германската канцеларка.

Подоцна, одговарајќи на прашањата на пратениците Меркел, таа рече дека се надева оти  Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година, додека Албанија ќе треба да почека.

„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но ќе биде многу скоро“, истакна Меркел.

Ангела Меркел им порача на парламентарците дека големо внимание се посветува на регионот на Западен Балкан и дека „таму има тензија, но истотака има и напредок“.

Според неа, процесот во Берлин се покажа како добра иницијатива што дава резултати.

Популарно