Thursday, January 27, 2022
HomeПопуларноНАТО го одби барањето на Русија да го одбие евентуалното членство на...

НАТО го одби барањето на Русија да го одбие евентуалното членство на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на какво било мешање на Русија во врска со воениот пакт и Украина, не сакајќи да одбие евентуално членство на Киев, што Москва го бара.

„Во врска со НАТО и Украина можат да одлучуваат само триесетте членки на сојузот и самата Украина и никој друг“, кажа Столтенберг по средбата со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

„Не можеме да се согласиме на тоа Москва да се обиде повторно да воспостави систем во кој велесилите како Русија ќе имаат сфери на влијание во кои ќе можат да контролираат што земјите ќе прават или нема да прават. Нема да се ценкаме за правото на секоја земја во Европа да одлучува за својата судбина“, додаде тој.

Русија побара од НАТО да го повлече ветувањето дадено во 2008 година на Украина и Грузија дека еден ден ќе бидат членки на воениот пакт и побара НАТО да се обврзе дека нема да распореди оружје во земјите кои граничат со Русија, со објаснување дека тоа ја загрозува нејзината безбедност.

Руското министерство за надворешни работи ги објави барањата, најдиректно досега за безбедносните гаранции за кои претседателот Владимир Путин кажа дека сака да ги добие од САД и нивните сателити.

Но тоа барање, кое фактички е руско вето на членството на Украина во НАТО, а станува збор за најексплозивното прашање во односите на Истокот и Западот, е нешто што Вашингтон и Киев веќе категорично го одбија. НАТО е на пат да ја прифати Украина што ќе води кон распоредување ракетни системи кои можат да ја гаѓаат Русија, наведува Москва.

Во Украина веќе седум години трае граѓанската војна меѓу прозападната влада во Киев и проруските бунтовници во која загинаа 13.000 луѓе, а нејзиното политичко решение, предвидено со договорот од Минск во 2015 е во ќорсокак. Русија се смета за главен воен и финансиски помагач на бунтовниците, иако таа тоа упорно го негира.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img