Thursday, January 27, 2022
HomeСпортХорнер му се заблагодари на Латифи и му вети „животна награда“

Хорнер му се заблагодари на Латифи и му вети „животна награда“

Како што веќе е познато, Макс Верстапен е нов шампион во Формула 1, добивајки го Луис Хамилтон во последниот круг од последната трка сезона, во луд и незаборавен финиш, за кој ќе се зборува со децении.

Многумина сметаат дека титулата ја заслужува Хамилтон, многумина дека таа отишла во вистински раце, но клучен фактор во сето тоа имаше Николас Латифи, кој на 6 кругови пред крајот, имаше сериозен инцидент на патеката, по што се случи неверојатен расплет.

Токму поради неговиот инцидент, на патеката се случи безбедносно возило, кое во последниот круг се тргна и со тоа му ја донесе можноста на Верстапен да го претекне Хамилтон и да има нестварен круг и финиш на трката.

По емотивниот набој по трката, водечкиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, помалку и симпатично, порача дека Латифи ќе мора да добие доживотни залихи на пијалокот Ред Бул, на нивниот главен спонзор, поради оваа работа, која за нив беше лавовска.

„Тој ќе добие доживотни залихи од Ред Бул, тоа сигурно. Требаше нешто да се случи во последните 10 кругови и тоа се случи. Ти благодариме Латифи на безбедносното возило“, истакна Хорнер.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img