Thursday, January 27, 2022
HomeПопуларноВо Британија поради омикрон подигнат степенот на тревога, Џонсон ѝ се обрати...

Во Британија поради омикрон подигнат степенот на тревога, Џонсон ѝ се обрати на јавноста

Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата вечер ѝ се обрати на јавноста со претходно снимена изјава по воведувањето на вонредна состојба во земјата поради омикрон варијантата на вирусот.

„Никој не треба да се сомнева во тоа дека ни пристигнува силен бран на омикрон. Се плашам дека сега е јасно дека две дози вакцина едноставно не се доволни за нивото на заштита што ни е потребна на сите“, рече Џонсон.

„Веднаш примите бустер доза од вакцината. Секој на возраст над 18 години во Англија ќе добие шанса да прими бустер доза пред Нова година“, додаде тој.

„Секое возрасно лице во Англија од утре може да прими бустер доза доколку ја примил втората доза пред повеќе од три месеци“, изјави британскиот премиер.

Здравствените власти во Велика Британија во неделата соопштија дека го подигнуваат степенот на тревога за ковид поради брзото ширење на инфекцијата со омикрон варијантата на коронавирусот.

Степенот на тревога се подига од трето на четврто ниво, што е второ највисоко ниво и значи дека „пренесувањето на вирусот е засилено и дека притисокот врз здравствените служби е општ и висок или дека е во пораст“.

„Првите податоци покажуваат дека варијантата омикрон се шири многу побрзо од делта и дека заштитата што ја обезбедува вакцината во случај на инфекција со омикрон е намалена“, посочуваат тие.

Иако сè уште не се знае колку е опасен омикрон – ќе биде „појасно во следните недели“ – експертите истакнуваат дека „веќе“ има хоспитализации поради омикрон и дека „постои веројатност“ нивниот број „брзо да расте“.

Министерството за здравство, исто така, објави дека контактите на целосно вакцинираните лица кои биле позитивни на тест за ковид-19 од вторник ќе бидат замолени секојдневно во текот на една недела да вршат антигенски тест. Оние кои не се вакцинирани мора да бидат во изолација десет дена.

Овие информации доаѓаат по новите мерки што ги најави Џонсон, вклучително и враќање на работа од дома и воведување ковид-пропусници за некои места, за што пратениците ќе гласаат во парламентот во вторник.

Велика Британија е тешко погодена од пандемијата со повеќе од 146.000 смртни случаи и околу 50.000 новозаразени дневно.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img