Thursday, January 27, 2022
HomeМакедонијаШефот на унгарската дипломатија Сијарто во посета на Скопје

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Во разговорите со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент врз последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.

Инаку, вчера, Сијарто изјави дека неговата земја треба да стави вето на евентуалниот предлог за воведување санкции за српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Сијарто изјави дека ЕУ може да воведе санкции против секого само со едногласна одлука на земјите-членки.

Тој потсети дека новата шефица на германската дипломатија Аналена Бербок неодамна побарала воведување санкции против Додик. „Летајте и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, не за нив. Можеби ова ќе ви помогне да ја разберете ситуацијата“, напиша Сијарто на Фејсбук.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img