Thursday, January 27, 2022
HomeСветХоландија во шок, од денеска влезе во целосен локдаун

Холандија во шок, од денеска влезе во целосен локдаун

Холандија во шок, од денеска влезе во целосен локдаун

Продавниците во Холандија се затворени, а божикните планови на луѓето се во хаос, бидејќи земјата започна со заклучување во неделата со цел да се ограничи очекуваниот наплив на Ковид-19 предизвикан од порастот на варијантата Омикрон.

Премиерот Марк Руте го најави ненадејното заклучување во саботата навечер, наредувајќи затворање на сите, освен најсуштинските продавници, како и рестораните, фризерите, спортските сали, музеите и другите јавни места од недела до најмалку 14 јануари.

Веста беше шокантна за многу Холанѓани додека ги чекаат Божик и Нова година, пренесува Ројтерс. Многу луѓе побрзаа во саботата да набават подароци и храна и да се потстрижат во последен момент.

Угостителските работници бараа компензација за изгубените приходи во празничната сезона, додека сопствениците на спортски сали ја истакнаа важноста од вежбање за време на здравствена криза.

„Затворањето на сите барови и ресторани во ваков важен месец е неверојатно болно и драматично. Ни треба компензација и излезна стратегија“, соопшти холандското здружение за угостителски услуги.

Сите училишта ќе затворат една недела порано за божикниот распуст во понеделник и ќе останат затворени најмалку до 9 јануари, додека на домаќинствата им се препорачува да примаат не повеќе од двајца посетители, а собирите надвор се исто така ограничени на максимум двајца.

Инфекциите со корона вирусот во Холандија се намалија од рекордните нивоа во последниве недели, откако беше воведено ноќно заклучување кон крајот на минатиот месец. Но, случаите со варијантата Омикрон рапидно се зголемија од почетокот на декември и се очекува сојот да стане доминантен пред крајот на годината.

Ова ќе претставува голем проблем за болниците, кои со недели ја откажуваат редовната нега бидејќи се обидуваат да избегнат да останат без кревети поради големиот број пациенти со ковид на нивните одделенија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img