Tuesday, January 25, 2022
HomeБалканКирил Петков во Бугарија ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Кирил Петков во Бугарија ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе го прими грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој е во посета на земјата на покана на неговиот бугарски колега, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Тоа е прва посета на странски премиер на Бугарија откако новата бугарска влада стапи на функција пред една недела, јави дописникот на МИА од Софија.

Двајцата премиери ќе разговараат лице в лице во зградата на Министерскиот совет, по што ќе следи средба на делегациите на бугарската и грчката влада.

Петков и Мицотакис ќе разговараат за билатералните односи меѓу Софија и Атина и можностите за нивно уште поактивен развој, а ќе разговараат и за имплементација на гасниот интерконектор што ги поврзува Бугарија и Грција, кој се очекува да профункционира на 1 јули 2022 година.

Меѓу другите прашања се очекува да се разговара и за регионални теми од заеднички интерес, како и за актуелни прашања од европската агенда на Западен Балкан.

Во бугарската владина делегација се вицепремиерот за фондови на ЕУ и министер за финансии Асен Василев, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Лена Бориславова.

По разговорите во Советот на министри, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе биде примен од претседателот на Бугарија Румен Радев, со кого се сретна и разговараше на Советот на ЕУ на 16 декември во Брисел.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img