Thursday, January 27, 2022
HomeМакедонијаВучиќ од Албанија: Важно е да се поврзуваме, побрзо и посилно соработуваме

Вучиќ од Албанија: Важно е да се поврзуваме, побрзо и посилно соработуваме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Албанија се сретна со премиерите на таа земја и на Македонија, Еди Рама и Зоран Заев во рамки на иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на Инстаграм напиша дека има „важни разговори“ со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, за понатамошно поврзување на трите држави.

– Важни разговори како понатаму да продолжиме да напредуваме, да се поврзуваме, да побрзо и посилно соработуваме. Отворениот Балкан го сметаме за исклучителна иницијатива, која е направена поради луѓето што живеат во секој наш град, во секое наше село, изјави Вучиќ.

Претходно беше најавено дека вечерва во Елбасан ќе започне дводневниот самит во рамки на иницијативата Отворен Балкан, со неформална средба на заедничката вечера што Рама ќе ја приреди на Вучиќ и Заев.

Официјалниот дел од самитот ќе се одржи утре во Тирана. Најавено е дека ќе бидат потпишани повеќе трилатерални и билатерални договори за регионална соработка, чиј резултат меѓу другото треба да биде заеднички пазар на труд.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img