Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортЧави постави императив пред управата: Не смееме да загубиме таков фудбалер

Чави постави императив пред управата: Не смееме да загубиме таков фудбалер

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, сака да го задржи во тимот еден од најталентираните фудбалери кои излегле од „Ла Масија“ во последните неколку години.

Каталонците имаат големи финансиски проблеми, а по заминувањето на Лео Меси резултатите станаа катастрофални. Клубот не успеа да ја мине групната фаза од Лигата на шампионите, па натпреварувањето го продолжува во Лигата на Европа.

Во Ла Лига Барса исто така доста се мачи, далеку е од самиот врв, но примарната задача на Чави е да го подготви тимот за иднината, а еден од играчите на кој ќе се заснова овој тим е младиот фудбалер за врск, Пабло Паез Гави.

„Мораме брзо да го продолжиме договорот на Гави. Играчите како него ја претставуваат иднината на овој клуб. Меѓутоа, разбирам дека управата работи напорно на преговорите за договорот. Гави е темелот за нас“, порача Чави и додаде:

„Гави е спектакуларен, таков фудбалер не смееме да загубиме. Ако треба сите ќе се откажеме од дел од нашите плати, само за да се соберат пари за неговиот договор. Истото важи и за Нико, Педри, Абде, Фати или Араухо. Тие се темел на нашата сегашност и нашата иднина“, додаде Чави на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Севиља утревечер.

17-годишниот Гави се наметна во првиот тим на Барселона, а веќе стана и репрезентативец на Шпанија оваа година.

Тој веќе собра 15 настапи во Ла Лига сезонава и има гол и три асистенции.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img