Thursday, January 27, 2022
HomeМакедонијаВо новата година, Македонија со нова Влада – Царовска се повлекува, Шилегов...

Во новата година, Македонија со нова Влада – Царовска се повлекува, Шилегов станува министер?!

Македонија во 2022 година ќе стартува со новата Влада. Според информациите, Зоран Заев веднаш по новогодишното ображање на претседателот на државата Стево Пендаровски во среда, ќе ја депонира оставката до Собранието.

Нов мандатар и нов премиер треба да биде Димитар Ковачевски кој пред неколку дена застана на чело на СДСМ.

Ќе има и нови министри. Откако Радмила Шекеринска најави заминување, иста информација стигна и од министерката за образование Мила Царовска.

„Донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим, испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите“, истакна Мила Царовска.

За разлика од Царовска, министетот за надворешни работи Бујар Османи, смета дека треба да остане и да ги продолжи започнатите работи.

„Во однос на тоа, тоа е одлука на лидершипот кој ме предлага на коалицијата така да ќе видиме во наредните денови“, посочи Бујар Османи.

Неофицијално Петре Шилегов  ќе биде новиот министер за Транспорт и врски, што би значело заминување на Бочварски.

Од СДСМ информираат дека неделава партијата ќе има Централен одбор после кој ќе има појасна слика за новата Влада која би требало да се формира пред Нова Година. Идниот владин кабинет се очекува да го состави новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

Од она што пак неофицијално се дознава од Владата заминуваат и вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски, кој најверојатно нема повеќе да биде ниту генерален секретар на СДСМ. Во идниот состав најверојатно нема да бидат ниту вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, како и министрите за правда Бојан Маричиќ. Уште не се знае дали Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски останува во Влада, но за него тоа не е битно колку што е важно како ќе се постават како партија.

„Кадровските решенија ги прават органите на партијата. Значи претседателот, Централниот одбор на партијата ќе ги донесат конечните одлуки за тоа кој ќе биде дел од таа нова Влада и во тој дел апсолутно, личното мое размислување, позиционирање, не е важно. За мене е важно како ќе се поставиме како партија и како ќе се поставиме како луѓе кои што ќе се одговорни за водењето на државата и на граѓаните“, посочи Оливер Спасовски.

Алтернатива викендов ги донесе одлуките за идните функционери. Хисни Исмаили – потпретседател на Собрание, Беким Сали – Министер за здравство, Адмирим Алити –  Министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи –  Министер без ресор – одговорен за дијапсората, Љуљзим Алиу – заменик министер за образование и наука, Абдулшуќур Абедини – заменик министер за земјоделство, Даим Ључи –   заменик министер за култура, Орхан Муртезани – Директор на МЕПСО. Ова се некои од имињата кои Алтернатива ги одреди за да раководат со ресорите кои оваа партија ги доби со договорот за влез во влада. Беким Сали е иден министер за здравство кој доаѓа на  местото на Венко Филипче. Тој за ТВ21 вели дека предлогот дошол како резултат на неговиот професионализам и искуство како лекар.

Зоран Заев заминува од премиерската функција  во среда на 22 декември кога се очекува до Собранието да ја достави својата оставка.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img