Thursday, January 21, 2021
Home Спорт Доаѓа нова генерација италијански тренери со Дел Пиеро, Виери, Пацини, Де Роси…

Доаѓа нова генерација италијански тренери со Дел Пиеро, Виери, Пацини, Де Роси…

Италијанците се гордеат со својата тренерска школа која изроди великани како Виториo Поцо, Енцо Беарцот, Нереo Роко, Ариго Саки, Џовани Трапатони, Марчело Липи, Фабио Капело, Карло Анчелоти…

Во последните години оваа школа малку и заостанува со создавањето на големи имиња како што беше случајот порано. Макс Алегри, Антонио Конте и Маурицио Сари се најпознатите претставници на италијанската школа во оваа деценија, но полека стигнува генерација на нови и модерни тренери. Во Серија А се афирмираа Симоне Инзаги, Роберто Де Зерби, Џенаро Гатузо, Џан Пјеро Гасперини и Стефано Пиоли.

А во школата за тренери денеска стартуваа уште некои големи имиња на италијанскиот фудбал. Фудбалската федерација на Италија објави дека УЕФА курсот за тренер со А лиценца го запишале Алесандро Дел Пиеро, Кристијан Виери, Даниеле Де Роси, Рикардо Монтоливо, Џампаоло Пацини, Масимо Макароне, Игнасио Абате, Алесандро Матри, Даниеле Гасталдело, Федерико Балцарети, Давид Пизаро, Џанлука Курчи и Андреа Коста.

Популарно