Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаОџа ќе е министер за дијаспора – Ќе влезе ли во Владата...

Оџа ќе е министер за дијаспора – Ќе влезе ли во Владата и поп или монах?

По одржаната седница на централното претседателство на „Алтернатива“, беа објавени носителите на јавни функции кои ќе влезат во Влада од нивната партија.

За министер без ресор, одговорен за дијаспората, предложен е Џемаил Чупи, Оџа од Дебар.

Џемаил е поранешен кандидат за градоначалник на Дебар од „Беса“.

Студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а во биографијата му пишува и дека е доктор на политички науки, како и дека предава на Универзитетот за бизнис и Технологија во Приштина, а средно учел во „Иса бег Медреса“ во Кондово.

Неофицијално, името на Чупи се споменуваше и за амбасадорското место на Македонија во Кина.

Зесега нема информации дека во Владата ќе учествува и свештеник од друга вероисповед.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img