Tuesday, January 25, 2022
HomeМакедонијаЗаев на Фејсбук за оставката: Оставам пример за граѓанската должност на идните...

Заев на Фејсбук за оставката: Оставам пример за граѓанската должност на идните лидери

Премиерот во заминување го известил собранискиот спикер дека нема да ја образложи усно оставката пред пратениците
Откако попладнево во Собранието ја достави оставката од премиерската функцијата, Зоран Заев тоа го објави и на својот Фејсбук профил.

„Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата. Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години, наведе Заев во објавата“, вели Заев.

Тој им се заблагодари на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на неговите мандати и на граѓаните на нашата држава, и им посакува благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници и на целиот наш народ.

Се очекува неговата оставка уште утре да биде констатирана, на почетокот на новата собраниска седница (за пратенички прашања). Премиерот во заминување го известил собранискиот спикер дека нема да ја образложи усно оставката пред пратениците.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img