Tuesday, January 25, 2022
HomeАвстралијаАвстралиските научници тестираат спреј за нос против ковид на база на хепарин

Австралиските научници тестираат спреј за нос против ковид на база на хепарин

Австралиските научници спроведуваат студија за да утврдат дали разредувач на крв во форма на спреј што ќе се прска во носот може да обезбеди заштита од ковид. Спрејот за нос го користи евтиниот лек хепарин во обид да го неутрализира протеинот на коронавирусот.

Како што пренсува Би-Би-Си, кога на лице заразено со Ковид ќе му се инјектира спрејот во носот, тој повеќе не треба да биде заразен. Истражувањето нема да биде завршено до средината на наредната година, а ако резултатите се добри, новиот спреј може да се користи заедно со вакцините и другите мерки.

Истражувачите се надеваат дека спрејот би можел да биде ефикасен во раниот третман на Ковид, но и како маска за нос која ќе го спречи ширењето на вирусот.

Може да се користи во секоја ситуација кога човек е опкружен со многу луѓе, изјави за Би-Би-Си водачот на истражувањето, професорот Дон Кембел.

„За луѓето како мене кои се плашат од ковид, идејата да можам да го испрскам овој спреј во мојот нос пред да одам во продавница или на фудбал ме прави многу помалку вознемирен, вели тој.

Иако ширум светот се тестираат други спрејови за нос, ова е првиот што користи хепарин, лесно достапен лек кој се дава на луѓе кои имаат проблеми со згрутчувањето на крвта.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img