Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаМакрон ќе посредува кога „ќе дојде време за тоа“

Макрон ќе посредува кога „ќе дојде време за тоа“

Макрон е подготвен да посредува меѓу Македонија и Бугарија „кога ќе дојде време“ за тоа. Францускиот претседател телефонски разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и бугарскиот претседател, Румен Радев, околу спорот што го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Франција, која во моментов е претседавач со ЕУ, сака спорот да се надмине до крајот на месецов, но таквиот исход засега е неизвесен. Елисејската палата соопшти дека Макрон во разговорите изразил „целосна поддршка за договор меѓу двете земји кој ќе придонесе за добрососедски односи и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства.” Макрон очекува, откако двете земји ќе се договорат за надминување на спорот, „нивниот билатерален договор“ да се склучи  во Париз.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, негираше дека врз неговата земја се врши политички притисок за решение.

Копретседателот на Мешовитата историска комисија, бара историските прашања да останат надвор од политичко-преговарачкиот процес.

Премиеорт Ковачевски рече дека се` уште нема никаков предлог на маса од француското претседателство, а Скопје и Софија треба да изнајдат решение за отворените прашања.Во сабота, на разговори со политичкиот врв во двете земји ќе пристигне и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img