Tuesday, July 5, 2022
HomeЗдравјеРеволуционерен лек за рак: По новото испитување, туморот се повелкол кај сите...

Револуционерен лек за рак: По новото испитување, туморот се повелкол кај сите пациенти

Достарлимаб, кој се продава под брендот Jemperli, е имунотерапевтски третман кој се користи за лекување на рак на ендометриумот, но ова беше првото клиничко испитување кое беше ефикасно против тумори на ректумот.

Досегашните резултати покажаа дека лекот е исклучително ефикасен, а научниците беа изненадени од ваквите успешни резултати бидејќи никогаш досега немало клиничко испитување во кое кај секој од пациентите се повлекол ракот, пренесува NBC.

Сепак, треба да се напомене дека ова е помала студија во почетната фаза на истражување. Досега 12 пациенти имале позитивни резултати, а исто толку учествувале во студијата.

Пациентите кои ја примиле студијата Достарлимаб не биле на инвазивни третмани и го примале лекот на секои три недели во период од шест месеци во текот на студијата. Им била понудена и опција за хемотерапија и отстранување на туморот во случај болеста да се врати, но тоа не се случило на ниту еден од 12-те пациенти.

По шест месеци, сите 12 пациенти повеќе немаа тумори кои можеа да се видат со МРИ, ПЕТ, ендоскопија и биопсија.

-Д-р Церчек ми кажа дека ми ги прегледале сите тестови и дека бидејќи нема знаци на рак, нема потреба да одам на хемотерапија – изјавил еден од пациентите кои учествувале во студијата Саша Рот.

Испитувањето треба да вклучи вкупно 30 пациенти за да се покаже дали лекот е целосно безбеден и ефикасен.

„Дотогаш, треба да гледаме на овие резултати со оптимизам, но и со претпазливост“, вели онкологот Хана К. Саноф од Универзитетот во Северна Каролина.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img