Sunday, August 14, 2022
HomeЕстрадаМеѓународни фестивали „СаксКлар“ и „Пијанофест“ во Битола

Меѓународни фестивали „СаксКлар“ и „Пијанофест“ во Битола

Меѓународниот фестивал на кларинет и саксофон „СаксКлар“ и меѓународниот фестивал на пијано „Пијанофест“ годинава во Битола се исполнети со уметници од државите на Балканот и Турција.
Од ЈОУ Културно-информативен центар-Битола информираат дека утре и в петок ќе се одржи фестивалот „СаксКлар 2022“, а за време на викендот во палата на културата Офицерски дом ќе се одржи „Пијанофест 2022“. -На петтото издание на „СаксКлар“ концерти ќе одржат дуото Спире Јовановски-кларинет и Верица Дивитарова-пијано, како и дует Горан Трајковски-саксофон и пијанистката Маја Божинова. Меѓународниот пијано натпревар во пијанино ќе го отвори младиот талент Гоце Златев, а за награди ќе конкурираат 80 кандидати од нашата држава, како и од Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија. Натпреварот ќе се одвива во дисциплините пијано соло и пијано дует. Учесниците ќе бидат распределени во 12 различни категории на возраст од 6 – 22 години, а ќе ги оценува стручно жири во состав Драгомир Братиќ од Србија, Кристина Петролари Ласо од Албанија, Дини Имери од Северна Македонија и Лилјана Вукелија од Србија, информираа од ЈОУ КИЦ-Битола. Натпреварот е во организација на здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img