Thursday, July 7, 2022
HomeБалканПопладневната настава откажана поради дојава за бомби во 300 училишта во Белград

Попладневната настава откажана поради дојава за бомби во 300 училишта во Белград

Во Белград, попладневната настава е откажана поради дојава за бомби во повеќе од 300 училишта, објави денеска заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ.

Како што јави агенцијата Бета, Весиќ изјавил дека според податоците на Градскиот штаб за вонредни состојби, анонимни пријави се примени во 174 основни училишта и 97 средни училишта, како и во 78 одделенија во основните училишта и 42 специјални училишта.

„Полицијата е на терен и проверува, а првата смена настава во сите училишта е откажана. Децата, наставниците и професорите се целосно безбедни, а родителите можат да бидат спокојни“, пишува на веб-страницата на Градот Беоинфо.

Во соопштението се наведува и дека „извештаите се дел од специјалната војна против Србија, со цел да се наруши нормалниот живот во Србија и да се прикаже Белград како небезбеден град и да се внесе немир меѓу граѓаните“.
Инаку денеска наутро до електронските адреси на 148 основни и 66 средни училишта во Белград биле испратени дојави за поставени бомби, што го потврди и Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија.

„Според претходно утврдената процедура, објектите се евакуирани, а учениците ќе бидат вратени на настава кога ќе се утврди дека е безбедно. Екипи на МУП се на терен и вршат увид во објектите“, велат од Министерството.

Од ресорното министерство им порачаа и на родителите и учениците дека ќе ги информираат училиштата за натамошниот начин на организирање на наставата.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img