Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаСвинското ќе се покачи до 30% и ќе има отпуштања ако не...

Свинското ќе се покачи до 30% и ќе има отпуштања ако не се ослободи увозот од царина

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии преку Стопанската комора на Северна Македонија бара продолжување на мерката за осободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка.

Во спротивно на краток рок прво следи нов ценовен шок од 20-30% зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така од 20-30%, а на подолг рок зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора.

Од таму тие нагласија дека не бараатпомош, ниту субвенции, туку самоизедначување на условите за стопанисување.

Домашното производство на расте, што е видливо од податоци од АХВ и платежна Агенција за субвенции во земјоделството, го намали увозот на готови производи и започна со извоз, го зголеми обемот на рабботење, бројот на вработени и висината на личните доходи во гранката, велат од СКСМ и посочија дека овие мерки не направија позначајни фискални импликации кон државата.

Оваа индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството но и од ЕУ.

Производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, а ние домашните при увоз на суровина плаќаме царина од 20-35%.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img