Tuesday, August 9, 2022
HomeЕстрадаКарлеуша доаѓа во Кавадарци, Митко Јанчев кажа колку ќе ја платат

Карлеуша доаѓа во Кавадарци, Митко Јанчев кажа колку ќе ја платат

На денешниот совет на општина Кавадарци, првиот човек, Митко Јанчев ги соопшти деталните информации во врска со овогодинешната манифестација „Тиквешки гроздобер“ која ќе се одржи од 9ти до 11ти септември. Имено, градоначалникот ја истакна целокупната тридневна програма од забавен карактер и откри кои музички уметници ќе бидат дел од манифестацијата.

Нивна желба и план бил еден од најскапите балкански пејачи, Дино Мерлин, но според донесената одлука главна звезда на настанот ќе биде Јелена Карлеуша.  Има артисти коишто и не се нафаќаат да учестввааат на вакви настани, поверлива е таа работа и средствата се уплаќаат на сметка. Цените на артистите се движат од 20 до 50.000 евра.

Имавме званична понуда за Дино Мерлин, ни беше желба да биде на овогодишниот гроздобер, ако се потрудам верувам дека и вие ќе сакате, со завршување на нашиот манадат 2025та година да ни биде Дино Мерлин главен настан на гроздоберот со сума од 150.000 евра. Реална цена истакната на полица нема, таа зависи од повеќе фактори за да може да добиете конкретна цена.

Ќе ги споменам минатите години и една од поскапите артисти коишто ги има платено тиквешкиот гроздобер. Значи нашите средства коишто ги наменуваме од 5 ипол милиони евра ги наменуваме претежно за настаните, за излегување на бини. А донациските средства коишто ги даваат компаниите по однос на штанд, по однос на општествена одговорснот тие средства ги наменуваме како средства за уметници. Еден од најскапите ни беше Здравко Чолиќ со 50.000 евра во 2019та, претходната година ја имавме Цеца со 37.000 евра, Јелена Розга со 14.000 евра.

Оваа година најскапиот артист ни е Јелена Карлеуша со 35.000 евра, тоа е сумата којашто е договорена и си бараат веднаш договор, 30% аванс и сигурен настап на датумот, изјави градоначалникот Митко Јанчев.

Јелена Карлеуша често настапува низ клубовите во Македонија, а на 16ти јуни ќе одржи настап во Голд Фелициа во Битола.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img