Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаКасами се сретна со малиот интелектуалец Македон Димитровски: Тетово се гордее што...

Касами се сретна со малиот интелектуалец Македон Димитровски: Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во својот кабинет го пречека Македон Димитровски, второодделенец од градот кој доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници“. Од општината и градоначалникот, Македон како подарок доби глобус и таблет, а Касами истакна дека му нуди целосна поддршка и помош да продолжи со успесите на математичките натпревари.

-Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата. Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари. Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат, порача Биљал Касами по средбата со Македон.

Седумгодишниот Македон од Тетово има 134 коефициент на интелигенција. Заврши второ одделение во ОУ „Лирија“ во Тетово.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img