Tuesday, August 9, 2022
HomeСпорт„Македонскиот Левандовски“ од Германија: Даде 84 гола, најдобар е во цела земја!

„Македонскиот Левандовски“ од Германија: Даде 84 гола, најдобар е во цела земја!

Македонија има многу фудбалери кои играат ширум Европа, но не се премногу познати затоа што играат во аматерските лиги. Но, еден од нив се најде на насловните страници на престижните германски медиуми, тоа е 21-годишниот Александар Стоилов. Се работи за нашинец кој живее, студира и работи како комерцијалист во Германија, но е напаѓач кој игра во аматерската лига. Таму го носи дресот на Македонија Штугарт. Играчот прво се најде во фокусот на вниманието во Германија, откако даде 13 гола на еден натпревар, а неговиот клуб победи со 17-0 против Германија Дегерлох, додека сега приказната е поинаква.

Имено, Александар Стоилов, кого Германците го нарекоа „македонскиот Левандовски од Крејслигата“, ја заврши сезоната со Македонија Штутгарт како најдобар. Неговата екипа беше убедливо прва – по 26 одиграни натпревари заврши на врвот со 76 поени и ниту еден пораз. Македонците од овој тим имаа 25 победи и само едно реми! Но, Стоилов е и уникат во Германија! Оваа сезона даде 84 гола, што го прави најдобар стрелец во сите конкуренции во Германија, без разлика дали тоа се аматерски или професионални! Иако игра фудбал за забава, сепак, ова е големо достигнување. Стоилов имал понуди и од други екипи од повисок ранг кои се професионални, меѓутоа тој ги одбил, затоа што сака да се фокусира на личниот развој, а фудбалот го игра за забава.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img