Sunday, August 14, 2022
HomeМакедонијаЉубчо Георгиевски ја запука Бугарија: Заслепени сте и немате познавање, ние што...

Љубчо Георгиевски ја запука Бугарија: Заслепени сте и немате познавање, ние што сметаме дека треба да ни бидете пријатели сме македонци кои зборуваат македонски јазик, иако сме бугарофили

Екс премиерот Љубчо Георгиевски повторно ја критикува соседна Бугарија, за како што вели „политиката на вето“ со кое не само што сме блокирани на нашиот европски пат, туку и се нарушуваат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Георгиевски во најновата емисија на Васко Ефтов зборува за односите меѓу двете земји, а во истата упати остри критики до бугарските политичари кои вели дека не може да ги разбере и бара од нив да го тргнат ветото бидејќи истото е голема грешка. Ти имаше едно интервју со Божидар и го прашуваш добро, ако не се бореле македонци и бугари во Втора светска војна кои се бореле. Тој вели многу паметно. Комунисти и фашисти. Па со тој одговор тој е поинтелегентен од цела генерација на политичари. Бугарските политичари се толку заслепени што дури си даваат автогол со Македонија. Тие немаат расчистено со нивните мисли. Во последната година има 20 текстови во бугарски медиуми каде што колумнисти го употребуваат зборот „фашист“ и даваат цитати од закони донесени во време на Цар Борис. Е сега они таа дискусија не си ја решиле меѓу нив, ние треба да им ја решаваме, вели Георгиевски. Притоа тој додава дека бугарите имаат нејасни барања. Бараат да го решиме „Крали Марко“. Тој е директно наследник на српската царска династија. И тоа е еден од првите кои има право да се бара како наследник на српскиот престол. Крали Марко е дел од српската династија кој загинува како вазал. Тоа е јасно како два и два. И сега што е идејата, да македонците треба да признаваат дека тој е бугарски цар? Не можам да ги разберам бугарите. Нека побараат од србите, што не подбрале нас. Екс премиерот вели бугарите имаат проблем што не можат да разберат дека луѓето кои сакаат да бидат блиски со Бугарија, се луѓе кои се македонци и се чувствуваат за македонци или македонски бугарофили, но тоа не значи дека истите се бугари, туку значи дека истите сакаат Македонија и Бугарија да бидат пријателски држави, да разменуваат економска соработка, музика, култура, живот меѓу народите. Кога зборувам со луѓе од македонски кабловски, кога ќе дојдат од Бугарија, параат пари, кога ќе дојдат србите не бараат пари, епа кој им е крив на бугарите што ги нема на наши телевизии, вели Георгиевски. Во интервјуто Љубчо отворено ја критикува бугарската политика и вели дека иритира тоа што се некој друг им е крив, а сами ги прават своите грешки. Бугарија има толку непознавање за македонската реалност, што е чудно. Отворија дискусија за пописот, колку пасоши имало бугарски во Македонија, а колку имало попишани. Огромен дел кој што земале пасоши се во Канада, Австралија или не знам каде се по светот. Втора работа, што е главно прашање, што е бугарофил, а што македонц или бугарин. Во секој момент македонскиот бугарофил вели да, Бугарија треба да ни е пријатаел, треба да сме блиски, но јас сум македонец. Тоа е моментот кој бугарите не го разбираат. Јас знам многу луѓе што се бугарофили и знаат да расправаат за општа историја, но тоа не значи дека тие се бугари, тие се чувствуваат за македонци.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img