Thursday, July 7, 2022
HomeСветЏонсон: Русите напредуваат сантиметар по сантиметар, Украина може да победи

Џонсон: Русите напредуваат сантиметар по сантиметар, Украина може да победи

Украина може да победи, вели британскиот премиер Борис Џонсон. Тој предупреди на ризик од замор во Украина како што минува времето.

Според него, важно е Британија да продолжи да покажува поддршка за Украина на долг рок. Џонсон вели дека Русите напредуваат сантиметар по сантиметар.

„За нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи“, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.

Џонсон изјави дека Западот мора да продолжи да ги поддржува Украинците додека тие се обидуваат да ја вратат територијата заземена од Русија, нагласувајќи дека ќе биде „катастрофа” доколку рускиот претседател Владимир Путин може да тврди дека победил, јави ДПА.

Џонсон рече дека Британија ќе биде подготвена да обучи десетици илјади украински војници додека тие продолжуваат да се борат против Русите. Британскиот премиер по втор пат беше во посета на Украина откако почна војната. Русија претходно се закани на повеќе држави, а воедно и на Британија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img