Thursday, July 7, 2022
HomeМакедонијаСе појавија детали од францускиот предлог – Димитар Апасиев со своја pеакција

Се појавија детали од францускиот предлог – Димитар Апасиев со своја pеакција

„360 степени“ дојде до т.н. француски предлог за следните чекори во пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија и ѝ го става на yвид на македонската јавност. Всушност, станува збор за пакет од неколку документи, од кои два се најсуштествени – предлог-преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за состанокот идната недела. Првиот впечаток е дека станува збор за сет од документи во кои француското претседателство со ЕУ се обидело да направи баланс меѓу главните барања (црвените линии) на двете страни. Се предвидува на 23 јуни годинава Советот за општи работи на ЕУ да ја усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија и за истиот ден да закаже политичка меѓувладина конференција. Советот на истиот состанок ќе донесе и одлука дека следна меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори ќе се одржи веднаш штом Северна Македонија ја заврши процедурата за промена на Уставот заради внесување на Бугарите во неговата преамбула. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со краток коментар на социјалните мрежи коментирајќи го францускиот предлог за кревање на ветото кој стигнал во Софија, и чија содржина ја објавија повеќе медиуми. „Кога политички пpоcтитутки си играат држава, Уставот ќе ти го претворат во KУPВА со која, секој напален сосед, може да помине една вечер за “две чpвени”.“, напиша Апасиев на Фејсбук.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img