Thursday, July 7, 2022
HomeСветПоглед од Германија: Русија победува

Поглед од Германија: Русија победува

Охрабрувачки звучат повторувањата дека Запад не смее да дозволи Русија да победи во војната но ситуацијата друго кажува: Русија има освоено територија колку Холандија и Белгија заедно, а не ја добива ни глобалната игра со санкциите. „Што поскоро треба да ставиме крај на оваа војна која не ја добиваме“, порачува германски издавач и публицист. „Се плашам дека дојдовме во ситуација во која ќе треба да се соочиме со непријатната вистина – дека Русија ја доби војната.

Нашиот канцелар оперира со термини: Русија не смее да победи, мора да победи Украина…. Се чудам каде тоа води политички бидејќи фактички Русија речиси веќе го освои Донбас, а тоа е територија колку Холандија и Белгија заедно. Имаат и копнена поврзаност со Крим па како тогаш Русија ќе ја изгуби војнава? Украина нема доволно сила, дури и со оружјето кое им го праќаме.

Русија ја добива и меѓународната игра со санкциите. Тука им се Кинезите, Индија прави бизнис со Русија како никогаш порано, важни земји како Бразил и Јужна Африка му свртеа грб на Западот, а нашиот федерален канцелар отиде таму, што беше блам на отворена сцена. Тие не сакаат санкции, не сакаат ни да разговараат за воена агресија.

Тоа значи дека ја губиме и битката за глобално мнозинство и мораме да признаеме дека иницијативата на Макрон е втемелена во реалната политика: Не можеме да ја добиеме оваа војна и мора да ја завршиме што е можно побргу. Тоа е добар старт за дипломатска иницијатива, тоа е она што го очекувам и од нашата влада која и натаму е сомничава кон држење на каналите за комуникација со Москва отворени. Берлин мора да презентира мировен план и се надевам дека некое одење во Киев ќе резултира со тоа“.

Волфрам Вајмар, германски издавач и публицист, некогашен главен уредник на Велт и Фокус, основач на медиумска групација која издава неколку магазини и публикации.

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img