Thursday, July 7, 2022
HomeМакедонијаКОВАЧЕВСКИ НЕ ТРЕБА ДА ОДИ ВО БРИСЕЛ САМО ДА СЕ СЛИКА ЗА...

КОВАЧЕВСКИ НЕ ТРЕБА ДА ОДИ ВО БРИСЕЛ САМО ДА СЕ СЛИКА ЗА ДА ГИ ТРПИ ПОНИЖУВАЊАТА ОД БУГАРИЈА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ

Претседателот Стево Пендаровски го советува премиерот Димитар Ковачевски да не оди в четврток на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој се одржува пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Според претседателот, Ковачевски нема што да бара таму и не треба да оди само за сликање, посебно што на вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, бугарската страна изнела нови барања за симнување на ветото за Македонија.

„Јас го советувам да не оди. Пред неколку дена разговаравме на таа тема и мојот совет беше дека ако вака се одвиваат работите и ако Бугарите вчера доставиле пет нови барања на КОРЕПЕР само, надвор од овој сет на нивни небулозни тврдења од претходно, што ќе правиш ти во Брисел, само да се сликаш. Не ме бендисува што се прави координација во рамки на Отворен Балкан колку што гледам, бидејќи тоа е регионална организација со економска компонента, а ова се политички консултации. Ние треба наша национална, автономна одлука да донесеме дека ако вака оди денеска, утре, задутре, нашиот премиер што ќе бара во Брисел. Замислете, самит ЕУ-Западен Балкан кога целиот регион, ние пред сè, не напредуваме, само да се сликаме. Вчера на КОРЕПЕР бугарската страна изнесува пет нови барања кои се радикално полоши од претходните, а и тие не беа убави. Да се брише автоматизацијата (веднаш по промена на Уставот, н.з.), во делот на јазикот нивното барање од вчера е дека не се доволни унилатерални изјави за јазикот, велат – ние бараме нашето толкување да добие еднаква правна сила со рамката, што не е можно“, изјави Пендаровски во вечерашното гостување на „24 анализа“ на ТВ24, кај новинарката Биљана Секуловска.

Претседателот додаде дека вакви понижувања и потценувања какви што сме имале во последниве две години од Бугарија не сме доживеале за 20 години преговори со Грција.

„Ние политичарите од мали држави често пати сме во ситуација да попуштаме, да потклекнеме, но мислам дека изминативе две години вакво национално тормозење од страна на Бугарија кон нас не сме имале во 20 години преговори со Грција“, вели Пендаровски.

Тројцата лидери од Отворен Балкан, Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама, се консултираат меѓу себе дали да одат задутре во Брисел. Конечната одлука ќе биде соопштена во среда напладне, соопштија денеска Вучиќ и Ковачевски. Рама пак кажа дека „целата Унија е киднапирана од Бугарија и тоа не е убава претстава за гледање“.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img