Tuesday, July 5, 2022
HomeСветШолц: Лидерите на Г-7 ќе разговараат за Маршалов план за Украина

Шолц: Лидерите на Г-7 ќе разговараат за Маршалов план за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе разговара за нацрт „Маршалов план за Украина“ со лидерите на групата Г-7 на самитот следната недела во Германија. Г-7 го сочинуваат САД, Франција, Германија, Италија, Британија и Јапонија, кои се седумте економски најразвиени земји во светот. Во своето обраќање пред германскиот парламент, Шолц рече дека „обновата на Украина ќе биде задача за неколку генерации“. Осврнувајќи се врз неодамнешната посета на градот Ирпин во близина на Киев, Шолц изјави дека она што го видел таму „не го потсетуваат само него на сликите од германските градови по Втората светска војна“.

Тој рече дека ќе бидат потребни милијарди долари за обнова на Украина и дека таа може да успее само ако европските нации, другите големи земји донатори и меѓународната заедница работат заедно. Шолц го повика претседателот на Украина Володимир Зеленски,да разговара на оваа тема со лидерите на Г-7 преку видео врска. Шолц рече дека заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на германското претседателство со групата Г-7, ќе свика експертска конференција за Украина.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img