Tuesday, July 5, 2022
HomeМакедонијаДимитриевски до Ковачевски: Дали нашата цена за влез во ЕУ ќе биде...

Димитриевски до Ковачевски: Дали нашата цена за влез во ЕУ ќе биде откажување од македонската држава!?

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со отворено писмо на социјалните мрежи го прашува македонскиот премиер Димитар Ковачевски зошто уште нема информации за францускиот предлог, за кој има бројни реакции во јавноста.

 

Според него, недозволиво е Македонија да не е запознаена со предлогот, иако од Бугарија постојано стигнуваат напади кон нашата држава. Воедно, прашува зошто не се бара реципроцитет и за Македонците во Бугарија, ако веќе има барање за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

 

„Недозволиво е за решавање на бугарско-македонски спор кој најмногу ја засега Македонија поради отпочнување на пристапните преговори со ЕУ да не бидат запознаени пратениците од македонското собрание при постоење на заеднички донесена декларација за црвените линии на Македонија. Недозволиво е граѓаните секојдневно да слушаат невистини и навреди од страна на бугарски претставници, а Македонија, поточно членовите на Владата и надлежните институции сè уште да молчат по овој предлог, исто како што молчеа и за последниот случај со отворањето на Здружението на граѓани во Битола под името Ванчо Михајлов, кој бил потврден фашистички соработник, а целиот негов живот работел против македонската државност. Граѓаните треба да бидат информирани за сите разговори околу овој спор, за сè што се случува! Како премиер на сите граѓани во оваа држава имате обврска да им објасните на граѓаните што значи, но и што предвидува овој документ за Македонија“, пишува Димитриевски.  Тој прашува ако сега Бугарија ја кочи Македонија, што ќе биде понатаму во процесот на преговори.

 

„Доколку Бугарија уште на самиот почеток го кочи отпочнувањето на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ со услов за внесување на Бугарите во Македонскиот Устав, што ќе следува подоцна во текот на преговорите, па се до влезот во Унијата? Како е возможно поважно да биде внесувањето на Бугарите во Македонскиот Устав, а за Македонците во Бугарскиот Устав воопшто и да не се споменува, зпшто нема реципроцитет? Дали нашата цена за влез во Европската Унија ќе биде откажување од Македонската држава!? Дали цената за отпочнување на преговорите, но и за влез во ЕУ е бугаризација на Македонија!? Како е возможно како владини претставници за кои ве плаќаат сите граѓани во оваа земја досега да не покажете цврст став во однос на преговорите со Бугарија?“, додава Димитриевски.  Прашува зошто нема никаква реакција на изјавата на Слави Трифунов од „Има таков народ“ за тоа дека Бугарите не го прифаќале постоењето на македонскиот јазик и дека таков јазик немало. Димитриевски дава поддршка за отфрлање на францускиот предлог.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img