Tuesday, July 5, 2022
HomeМакедонијаМицкоски за албанска ТВ: Го предложив Гаши за премиер, СДСМ и ДУИ...

Мицкоски за албанска ТВ: Го предложив Гаши за премиер, СДСМ и ДУИ го одбија оти сакаат ексклузивитет меѓу Албанците

Предложив Албанец за премиер, но бев одбиен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за албанската ТВ Сири, кој го образложи тоа со желбата на ДУИ и на СДСМ, да имаат ексклузивитет кај Албанците.

 

„На прес-конференција предложив Африм Гаши да биде премиер, но ДУИ и СДСМ го одбијат таквиот мој предлог. Главното прашање не е дали ќе го прифатиме ние или не, но зошто социјалдемократите го отфрлија мојот предлог? – Можеби зошто Африм Гаши не е дел од ДУИ и дека според Али Ахмети и другите експоненти, ДУИ го има правото да ги приватизира интересите на Албанците во земјата. Би било добро овие прашања да ги поставите поинаку. Зошто ДУИ и Социјалдемократите не го прифатија мојот предлог Африм Гаши да станеше премиер?“, рече Мицкоски. Мицкоски вчера најави протестно лето и активна блокада на Парламентот. На есен, како што посочи ќе има нов сет на чекори.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img