Tuesday, July 5, 2022
HomeБалканПадна владата на Кирил Петков

Падна владата на Кирил Петков

Првото успешно гласање за недоверба на влада на Бугарија во нејзината понова историја ја собори владата на Кирил Петков. На вонредната седница Парламентот со 123 гласови „за“ и 116 „против“ ѝ изгласа недоверба на Владата на Бугарија. Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консулатации со партиите во Парламентот. Предлогот за гласање беше поднесен од партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на економските политики“ на Владата, но аналитичарите меѓу главните причини за падот на кабинетот на Петков го наведуваат и справувањето со спорот со С. Македонија.

По гласањето, Петков во своето обраќање рече дека „му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова“.

„Ветувам дека ќе продолжиме да ја браниме државата. Еден ќе имаме држава без заткулисни игри и без мафија. Една нормална европска држава,“ рече Петков од собраниската говорница.

Според процедурата предвидена со Уставот на Бугарија, доколку гласањето недоверба на актуелна влада биде поддржано од мнозинство пратеници, ќе се направи нов обид за формирање на кабинет во рамките на тоа Народно собрание.

Првиот мандат ќе го добие најголемата група – „Промените продолжуваат” на Кирил Петков, вториот до вториот по големина – ГЕРБ-СДС, а третиот ќе биде доделен на една од другите групи избрани од претседателот на државата. Ако и тогаш не се избере кабинет, шефот на државата назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува избори.

Пред Народното собрание попладнето се собраа голем број луѓе, а во тек се неколку протести.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img