Tuesday, July 5, 2022
HomeСветПотона познатиот пловечки ресторан во Хонг Конг кој е направен да личи...

Потона познатиот пловечки ресторан во Хонг Конг кој е направен да личи на кинеската царска палата.

Влекачите минатиот вторник го одвлекле бродот Џамбо Кингдом, трикатен брод кон морето, откако речиси половина век бил закотвен на југозападниот дел на градот. Тој бил однесен до непознато бродоградилиште, но во саботата се превртел и потонал во близина на островот Парасел во Јужното Кинеско Море. Бродот потонал на длабочина од повеќе од 1.000 метри и било невозможно да се спаси, соопшти во понеделникот Aberdeen Restaurant Enterprises Limited. Компанијата додаде дека е многу тажна поради овој инцидент и дека ниту еден член на екипажот не е повреден во несреќата.

Бродот долг околу 80 метри бил во главниот дел ресторан Jumbo Kingdom, во кој можеле да се сместат повеќе од 2.000 луѓе. Покрај главниот брод, имало и постар и помал брод кој имал и функција на ресторан, шлеп за резервоари за морска храна, брод во кој се готвело и осум мали траекти за превоз на гостите, пишува CNN. Jumbo Kingdom, кој некогаш бил најголемиот пловечки ресторан во светот, можел да се види во многу филмови, како серијалот за Џејмс Бонд. Таму вечерале различни познати личности, меѓу кои кралицата Елизабета Втора, Џими Картер и Том Круз. Ресторанот, до кој можело да се стигне само со мали траекти, бил познат по својата раскошна империјална фасада, изобилството на неонски светла и шарените мотиви во кинески стил (како златниот трон во трпезаријата).

Но, бидејќи со текот на времето имало сè помалку риби во областа, оваа група ресторани почнал да ја губи популарноста и работел со загуба од 2013 година. Пандемијата му го зададе последниот удар, а сопствениците на Џамбо објавија загуби во март 2020 година од повеќе од 13 милиони долари и дека ресторанот ќе биде затворен до понатамошно известување.

Биле направени обиди да се спаси ресторанот, но високите трошоци за одржување ги одвратиле потенцијалните инвеститори, а извршната директорка на Хонг Конг, Кери Лам, исто така ја отфрлила можноста за потенцијална државна помош. Поради тоа, сопственикот одлучил да го премести ресторанот Џамбо во непознато бродоградилиште. За жал, пловилото потона.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img