Tuesday, July 5, 2022
HomeБалканВИЕ СТЕ ЦЕЛОСЕН ХАОС, ВИЕ СТЕ СРАМОТА; НИЕ СМЕ НАВИКНАТИ НА ОВОЈ...

ВИЕ СТЕ ЦЕЛОСЕН ХАОС, ВИЕ СТЕ СРАМОТА; НИЕ СМЕ НАВИКНАТИ НА ОВОЈ ЦИРКУС – Еди Рама жестоко во Брисел

Aлбанскиот премиер Еди Рама им се обрати со висок тон на бугарските новинари пред влегувањето на состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел.

„Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срамота. Срамно е членка на НАТО да држи во заложништво две други земји од НАТО, додека во задниот двор на Европа се води војна. Се разбира, не е пријатно да гледаме како други 26 држави демонстрираат немоќ“, изјави Рама пред бугарските новинари.

Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат пристапните преговори со ЕУ, но и двете земји се блокирани од бугарското вето за Македонија.

Македонскиот премиер одби да даде изјава.

„Уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на овој циркус и сме повеќе од кога било посветени да ги поведеме нашите земји и регионот кон модернизација со нескршлив Европски дух“.

Вака напишал албанскиот претседател Рама под слика со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Фотографијата веројатно е сликана пред започнувањето на денешниот самит за Западен Балкан во Брисел каде Рама, Ковачевски и нивниот колега Александар Вучиќ од Отворен Балкан сепак решија да присуствуваат.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img