Friday, August 12, 2022
HomeБалканВасилев стана мандатар, бара поддршка за новата бугарска Влада

Василев стана мандатар, бара поддршка за новата бугарска Влада

Партијата има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку не успее, мандатот ќе оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов, кои веќе најавија дека ќе го вратат
Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево му го врачи мандатот за формирање влада на Асен Василев од владејачката партија „Продолжуваме со промените“. Василев досега беше вицепремиер и министер за финансии на Бугарија.

По добивањето на мандатот, тој изјави дека прво мора да се најде политичка поддршка за нова влада, а дури потоа да се разговара за кардовскиот состав.

„Исклучително е важно работите кои се вклучени во програмата на идната бугарска Влада за следните шест месеци да се случат токму во тој период од шест месеци“, кажа Василев.

Тој посочи дека „Продолжуваме со промените“ сака да има 121 народен претставник кои многу јасно ќе стојат зад програмата, а против големите бизнис интереси за кои вели – се обиделе да се протнат низ претходната влада и довеле до нејзино паѓање.

Партијата има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку не успее, мандатот ќе оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов, кои веќе најавија дека ќе го вратат.

Инаку, претседателката на БСП, Корнелија Нинова вчера побара Петков да не биде кандидат за премиер како услов да продолжат преговорите за нова влада, по што тој го предложи Василев за наследник на премиерското столче.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img