Friday, August 19, 2022
HomeАвстралијаГолеми поплави во Сиднеј, се евакуираат жители на неколку области

Големи поплави во Сиднеј, се евакуираат жители на неколку области

Големи области на најголемиот австралиски град Сиднеј се под вода како последица на обилните врнежи од дожд кои предизвика сериозни поплави во пониските подрачја.

Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите на неколку области да се евакуираат, предупредувајќи ги дека врнежите нема да престанат до понеделник.  Нивото на водата во некои подрачја достигна до еден и пол метар. Медиумите наведуваат дека во некои области на Сиднеј наврнало четири пати повеќе дожд од просекот за цел јули.

Австралиското биро за метеорологија предупреди дека нивоата на водата во регионот би можеле на пораснат барем онолку, колку што беа по големите поплави во март. Од таму додаваат и дека браната Варагамбa се излеала.

Метеорологот Џонатан Хау за „Еј-Би-Си“ изјави дека нивото на реката во селото Менангл, на околу 70 километри југозападно од Сиднеј, достигнало 16,5 метри, што е за само 30 сантиметри помалку од рекордот во април оваа година.

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img