Friday, August 19, 2022
HomeАвстралијаОхриѓанка од Австралија истрча ултрамаратон – 101,2 километри околу Охридското Езеро

Охриѓанка од Австралија истрча ултрамаратон – 101,2 километри околу Охридското Езеро

Охриѓанката Ивана Илоски вчера оствари несекојдневен подвиг, трчајќи ултрамаратон околу Охридското Езеро во вкупна должина од 101,2 километри.

Ивана е родена во Охрид, но речиси две децении живее во Сиднеј, Австралија, и го користи секој слободен момент за тренирање и маратонско трчање. Досега учествувала во поголем број маратони со меѓународен карактер. Патеката во правец Охрид – Струга – Ќафасан – Поградец – Свети Наум – Охрид, Ивана Илоски ја истрча за нешто повеќе од 11 часа.

„Отсекогаш имав желба да истрчам околу Охридското Езеро, па оваа година, токму на мојот именден, конечно си ја остварив. Патеката е со многу предизвици, особено на потегот од Свети Наум кон Охрид. Пријатно сум изненадена од инфраструктурата на албанската страна, каде што низ целата крајбрежна линија постои современа патека за велосипеди и пешаци. Времето беше претополо за ваков екстремен и исцрпувачки физички напор, но вистинскиот маратонец никогаш не се откажува“, изјави Ивана веднаш по завршувањето на трката, на градскиот плоштад во Охрид.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img