Friday, August 19, 2022
HomeАвстралијаЗа работата од која многумина во Македонија се срамат, Австралија нуди скоро...

За работата од која многумина во Македонија се срамат, Австралија нуди скоро 125.000 долари

Нововработените чистачи во Австралија добиваат повеќе од 90.000 долари годишно од компании кои со сите сили се борат против недостигот на работници Џој Вес, управна директорка на Absolute Domestics, компанија за чистење со седиште во Сиднеј, вели дека биле принудени да ги зголемат платите поради нивната борба да привлечат персонал.

Таа рече дека ја зголемиле нивната саатнина на 45 долари на час – што значи дека чистачот без искуство кој работи осум часа на ден пет дена во неделата сега ќе заработи 93.600 долари.

„Од средината на 2021 година не можам да вработам доволно чистачи за да го одржувам бизнисот, во некои области – Бонди, Менли, воопшто не се рекламирам.

„Пред девет месеци ја зголемив саатницата на 35 долари и тоа не го реши проблемот, па пред три недели ја зголемив на 45 долари на час“.

И покрај покачувањето, таа сè уште се бори да најде персонал за некои области на Сиднеј и ја повикува владата да им дозволи на странските студенти да работат повеќе часови.

Во меѓувреме и други компании за чистење нудат повисоки плати. Урбан компанија порано плаќаше 35 долари на час, но нејзините работни места сега се движат помеѓу 40 и 54,99 долари на час.

Портпаролката рече дека тоа може да достигне и до 60 долари на час во зависност од тоа колку брзо чистат. Ова значи дека чистачот кој работи со полно работно време за фирмата би заработувал 124.800 долари годишно.

Компанијата за чистење прозори и олуци Gutter Boy нуди до 50 долари за пет дена во неделата што е всушност 104.000 долари годишно.

Во меѓувреме, пералната за автомобили Кристал има огласи за работа кои нудат 30 долари на час. Огласот за работа на фирмата само вели: „Нема потреба да се јавувате, само појавете се на вашата претпочитана локација и започенте“.

Чистачката Веруска Бенедито од Бексли во Сиднеј вели дека нејзината плата се удвоила откако почнала и може да заработува помеѓу 40 и 55 долари на час.

За споредба, почетната плата на годишно ниво во Австралија за работниците во здравството е 72.000 долари, во правниот сектор е 66.000 долари, во градежништвото е 65.000 долари, а во енергетскиот сектор е 70.000 долари, според податоците на „Дејли мејл“.

 

 

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img