Португалскиот фудбалер Нани пронајде нов ангажман во Австралија, каде ќе игра за Мелбурн Виктори. Искусниот офанзвец се раздели со Венеција и потпиша двегодишен договор со австралиската екипа. За италијанскиот тим одигра само десет меча, откако пристигна во ноември минатата година од Орландо. 35-годишникот најдобрите години ги имаше во Манчестер јунајтед. Со англискиот гигант освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Нани во кариерата настапуваше и за Спортинг Лисабон, Фенербахче, Валенсија и Лацио.