Monday, August 8, 2022
HomeЕстрадаМакедонската пејачка ќе прави свадба три дена со 600 гости: Не се...

Македонската пејачка ќе прави свадба три дена со 600 гости: Не се мажам секој ден

Најекст равагантната натпреварувачка која некогаш се појавила во „Ѕвезда Гранда“, Марија Груевска со свршувачката пред неколку месеци ја официјализираше долгогодишната врска со Синиша Стојаноски. И додека за таа прилика идните младенци ги собраа само најблиските членови на семејството и најблиските пријатели, свадбата закажана за август ќе биде нешто сосема спротивно. „Свадбата ќе се одржи во средината на август на отворено во манастир во близина на Битола. Со Синиша очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае три дена и се надевам дека се ќе биде максимално свадбено – гордо вели Марија за Гранд Онлајн, која ќе се потруди овие три дена да биде најубав спомен на секој што доаѓа. Освен на пријателите и роднините, поранешната финалистка ги доставила поканите на адреса и на колегите од натпреварувањето „Ѕвезде Гранда“ со кои ги споделила најубавите моменти во текот на месеците на учество. – Ги поканив сите со кои се натпреварував и уште десетина од страна кои ми се големи пријатели и беа и во „Ѕвезда Гранда“. Се надевам дека и тие ќе го земат микрофонот покрај главниот бенд кој е задолжен за забавата, а тоа е Молика јуниор, исто така мои големи пријатели – додаде Груевска. Со оглед на тоа што при нејзиното учество во споменатата шоу програма, публиката се навикна на необични модни комбинации, таа нема да отстапи од тоа ниту за нејзиниот најубав ден. – Што се однесува до венчаниците и фустаните, не би сакала да ги откривам, се ќе видите кога ќе дојдете – не заинтригира пејачката. Идната невеста вети забава за паметење за сите оние кои ќе присуствуваат на оваа прослава во текот на три дена, а четвртиот го најави како опција за најхрабрите. – Нема да ги ограничуваме луѓето со тие три дена. Доколку има неуморни, забавата ќе ја продолжиме во понеделник. Се додека трае! Не се мажам секој ден – заклучила пејачката.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img