Monday, August 8, 2022
HomeЕстрадаНиту Карлеуша, ниту Ламбе, Кавадарци одлучи кој ќе биде главна музичка ѕвезда...

Ниту Карлеуша, ниту Ламбе, Кавадарци одлучи кој ќе биде главна музичка ѕвезда на Тиквешки гроздобер

Популарната манифестација Тиквешки гроздобер, која традиционално се одржува во Кавадарци и е настан од стопански, културен и туристички карактер, годинава го привлече вниманието на јавноста со изборот на главна музичка ѕвезда која ќе настапи на градскиот плоштад на 11-ти септември.

Првичната одлука на градските власти беше тоа да биде турбо фолк пејачката Јелена Карлеуша, но по бурните реакции кои доаѓаа од дел од граѓаните, обвинувајќи дека нејзината музика е кич и нема културна вредност, нејзиниот настап беше откажан.

Се појавија шпекулации дека наводно ќе гостуваат повеќе домашни музичари, помеѓу кои Ламбе Алабаковски, Калиопи и Каролина Гочева, но сепак, ниту тие нема да бидат дел од музичките гости на настанот.

Како што потврдија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, финалната одлука околу изборот на главната музика ѕвезда е донесена, и годинава пред посетителите на Тиквешки гроздобер ќе настапи легендарниот Горан Бреговиќ со неговиот оркестар.

Покрај него, за време на тридневниот настан, свои концерти ќе имаат и Харис Џиновиќ, Амадеус бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Огнен Здравковски и повеќе диџеи.

Периодов во јавноста се актуелни дебатите дали на општински манифестации да им се даде предност на домашните музичари или пак на популарните музички имиња од соседството. Иако мислењата се поделени, сепак фактите покажуваат дека манифестациите во државата на кои доаѓаат ѕвезди од странство секогаш привлекуваат повеќе гости во градот каде се одржуваат.

Така на пример, во минатите години, пред пандемијата, за време на Тиквешки гроздобер во Кавадарци, според општински податоци, кога гостуваа балкански музичари бројот на посетители во градот бил над 120.000 за тридневниот настан, и се продавале над 30.000 литри вино.

Буџетот на Тиквешки гроздобер годинава е 10,5 милиони денари, од кои една половина се општински средства, а пак другата половина е обезбедена од спонзори, односно општествено одговорни компании.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img