Monday, August 8, 2022
HomeЕстрадаЕ, ова се баба и зет: Мајката на Маријана и Росана го...

Е, ова се баба и зет: Мајката на Маријана и Росана го чува и сака Трупче како да ѝ роден син

За нашата пејачка која е омилена кај народот, Росана Сариќ Тодоровска, сестрата близначка на Маријана Новачевска, познато е дека Росана е во среќен брак со Трупче долги години, нашиот познат актер Ѓорѓи Тодровоски. На седми мај, Росана Сариќ- Тодоровска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче прославија, 33 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката, објави Женски магазин.

Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него. Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам. А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов. Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана. Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.  „ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше. Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче. Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година. „Имавме и успони и падови. И кога сме имале и кога сме немале, се трудевме да ги сочуваме човечките вредности и скромноста на која ја научивме и нашата ќерка Ивана. Некогаш се прашувам дали е тоа добро или лошо, но Ивана израсна во прекрасна жена, одговорна мајка и добра сопруга“, вели Росана.

Росана и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче во ноември минатата година станаа баба и дедо на уште еден внук. Нивната ќерка Ивана го роди Матео, а среќната баба радосната вест ја објави на Фејсбук.

-Зетот Џејмс, само што заврши породувањето ми го пушти Матео како плаче и со Иванче ми рекоа дека ќе биде песнопоец на баба, рече Росана во Женски магазин.

Во 2018 година, порталот „Кумановски муабети“ објави архивски фотографии по повод 11 ноемри, денот на ослободувањето на градот од изборот за убавина на кој победила мајката на Маријана и на Росана, Гордана. Росана за Женски магазин раскажала дека нејзината мајка, и по изборот за убавина не се занимавала со манекенство, туку по раѓањето на Росана и нејзината сестра близначка, Маријана, подоцна и братот, била посветена на семејството.

„Нашата мајка беше убавица на Куманово таа година. Ја молеле потоа да се пријави за Мис на Македонија, но сфаќањата на нашиот п окоен дедо беа во стилот: Не, никако, што ќе кажат луѓето? Знаете, во тоа време беше „баук“ жена да оди на такви избори. Мајка ми заврши за учителка и набрзо се омажи и не доби мене и сестра ми, а подоцна и нашиот брат, Мирослав кој за жал ненадејно не напушти и не зави во огромна болка и тага. И така, мајка ми на некој начин се откажа од нејзината професија за доброто за нас, на нејзините деца“, раскажала Росана. Ако денес поглефнете на Фејсбук профилот на Гоца Сариќ се гледа дека таа е една многу убава жена која одлично си се држи. Сликите се главно со нејзините најмили, семејството, но има и една со нејзиниот сопруг, кој е исто така харизматичен господин, и се гледа од кого Маријана и Росана ја населдиле својата убавина. Но, една од сликите на профилот кај госпоѓа Гоца, привлекува големо внимание, а тоа е сликата со зетот, Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, нашиот познат актер. На сликата, бабата и зетот се среќни и прегрнати. Ова е пример дека бабите и зетовците можат да се сакаат и да се чуваат еден со друг, а Трупче и неговата баба која очигледно го сака и го чува изгледаат како да се родени мајка и син.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img